[Галерија] Насловните страници на радикалните весници во предвоената Европа

Во 1920-тите во Европа, графичките дизајнери и фотографи создавале револуционерни дизајни за весниците, полни со хиперреалистични јукстапозиции и трикови на перцепцијата.

Berliner Illustrirte Zeitung, 21 јули 1929

Охрабрени од индустрискиот напредок, европските весници доживеале бум во дизајнот во 20-тите. Еден таков пример е оваа насловна страница со фотографија од Мартин Мункачи.

Kölnische Illustrierte Zeitung, 9 март 1929

Овие весници вовеле нов изглед за насловните страници – користеле големи слики за да го фатат вниманието на минувачите крај излозите.

Vu, 18 февруари 1931

Славните фотографи како Мартин Мункачи ги претставувале своите дела на милионска публика. Други познати уметници кои работеле за овие магазини се Андре Кертеш, Роберт Капа и Александр Родченко.

Vu, 1 април 1931

Методите како портрети одблизу, сѐ уште често употребувани во модната фотографија, најпрво почнале да се презентираат на овие страници. Фотограф на ова дело е Џејмс Еб.

Vu, 20 јули 1932

Впечатливи фотографии се користеле за да раскажат цела приказна.

Arbeiter Illustrierte Zeitung, 10 август 1933

Фотомонтажите, пак, како оваа на Џон Хартфилд, станале сон за секој сатиричар.

Regards, ноември 1933

Милиони копии од овие весници биле печатени на тенка хартија, што значи дека многу малку од нив преживеале.

Regards, 31 декември 1936

Еден од најголемите и првите улични фотографи, Брасаи, ги објавувал своите фотографии во францускиот весник Regards. Станал познат по сцените од улиците на Париз, а ги документирал и големите уметници и писатели во градот, како Џакомети, Жене, Матис и Пикасо.

Estampa, 13 февруари 1937

Франција и Германија не биле единствените земји каде се поместувале границите во издаваштвото на весници. Други попознати имиња се Estampa во Шпанија, и СССР во изградба во Советскиот сојуз.

Извор: Guardian