[Галерија] НАСА објави постери за регрутрација на луѓе кои сакаат да го населат Марс

НАСА бара луѓе кои ќе волонтираат да живеатна Марс. Иако агенцијата веќе добила околу 18000 апликации за последната класа на астронаути, сепак регрутираат луѓе за првата мисија за населување на Црвената планета.

Во вторникот, Агенцијата објави осум постери со ретро-пропагандистички стил, кои ги потенцираат различните професии кои се потребни за патувањето да биде успешно, како фармери, истражувачи и учители.

Постерите биле оригинално дизајнирани за изложба во Вселенскиот центар Кенеди во 2009 година. Но, НАСА неодамна ја започна потрагата по регрути за населување на Марс, па ги објави за бесплатно преземање, пренесува Business Insider.

„На Марс си и потребен/а ТИ! Во иднината, Марс ќе има потреба од секаков вид на истражувачи, фармери, учители… Но, најмногу од сите, од ТЕБЕ! Придружи ни се на патувањето до Марс додека истражуваме со роботи и еден ден таму ќе испратиме луѓе“, пишува на веб страницата.

НАСА се надева дека ќе може да испрати луѓе на Марс до 2030 година. Но, има конкуренција: Илон Маск, основачот на Спејс Екс и компанијата за електрични автомобили, Тесла, се надева дека ќе ги прати првите луѓе на Црвената планета до 2026.