[Галерија] Напуштени куќи „декорирани“ од Ендру Мекинтош

Шкотскиот уметник Ендру „Меки“ Мекинтош им дава интересен ентериер на напуштени куќи во својот серијал слики.

Во своите уметнички слики тој вклучува познати дела од големи уметници, како „Мадона во ливада“ на Рафаел, „Тајната вечера“ на Да Винчи, „Градината на земските задоволства“ на Бош, пејсажи од Моне, „Бакнежот“ на Климт, како и мотиви од поп културата.

Извор: Guardian