„Повеќето од нас гледаат филм во здодевни, стандардни киносали, но не треба да биде така. Овие интересни киносали ќе ви покажат колку неверојатно искуство може да биде гледањето филм“, пишува Bored Panda.
Во листата објавена на веб страницата досега се вброени 45 киносали ширум светот и таа е од отворен тип, така што секој може да постави слика од киносала или да гласа за некоја од нив. Меѓу нив, се најде и Куршумли ан, објектот во Стара чаршија кој датира од 16 век.
Во него, секоја година се одржуваат бројни настани и фестивали, а причината поради која се најде на оваа листа е поради неговиот просторот кој се користи како кинoсала за време на креативниот фестивал за документарни филмови „Македокс“.
Во описот се зборува дека станува збор за листа од киносали кои имале богата историја, но се споменуваат и модерните сали.