[Галерија] Најромантични фестивали во светот

Индија и Непал: Холи

Иако овој пролетен фестивал традиционално претставува хинду прослава на љубовта и новите почетоци, Холи стана познат во Јужна Азија како „Карневал на боите“. Фестивалот започнува со оган на зајдисонце, а рано изутрината, луѓето се бркаат наоколу со сув прав и обоена вода. Резултатот е виножито од луѓе кои пеат и танцуваат на улиците.

Лондон: Фестивал на љубовта

Секое лето, илјадници уметници, изведувачи и љубовници се собираат во Southbank  центарот во Лондон за да ја прослават љубовта. Сфатете го тоа како разговор за сложеноста на човечките емоции – со тематски страни. Изминатите настани вклучувале Свадбени олимпии (со гумени капели и брачни тематски игри), забави со танцување и проекции на филмови како „Dirty Dancing“ и „West Side Story“.

Буенос Аирес, Фестивал на танго

Тангото е едно од најинтимните, заводливи танци во светот, а традиционалниот Фестивал на тангото во Буенос Аирес, Аргентина, е одлично место за да се видат секси перформанси во акција. Овој фестивал се одликува со повеќе настани кои ја слават страста меѓу двајца, како и предавања, забави и перформанси. Кулминира со светското првенство во танцување танго, каде најдобрите танцувачи на танго од цел свет се натпреваруваат.

Верона, Италија: Верона во љубов

Домот на вљубените на Вилијам Шекспир, Верона ги отвора своите врати секој октомври украсувајќи ги со црвени балони во облик на срце, за фестивалот „Заљубена Верона“ кој трае четири дена. За време на фестивалот се одржуваат работилници за пишување љубовни писма и дегустации на чоколадо.

Кабурж, Франција: Кабуржски романтичен филмски фестивал

На северниот брег на Франција, на неколку километри од Каен, годишниот Кабуржски романтичен филмски фестивал ги поздравува романтичарите и љубителите на филмот низ целиот свет. Фестивалот вклучува прикажување на десетици филмови, секој од нив за љубовта, а повеќе од половина од филмовите се прикажуваат на отворена кино сала на плажа.

Бали, Индонезија: Фестивал на бакнување

Познат како „Ритуал на бакнување“, оваа балиска традиција се состои од тоа илјадници странци да се бакнуваат. Секоја пролет, мадите балиски жители се собираат во центарот на градот и се обидуваат да се повлечат едни со други, додека останатите фрлаат кофа вода врз нивните глави. Настанот се случува ден после Ниепи, традиционален ден на тишината.

Сан Франциско: Парада на гордоста

Можеби не е најголемата ЛГБТ парада, како во Сао Паоло, но парадата на гордоста во Сан Франциско претставува една од најстарите. Оваа парада не е само за ослободување и за прифаќање, се работи и за правото да се сака оној што се сака. Во последно време, парадите се однесувале на истополовите бракови и многу нови брачни парови доаѓаат на фестивалот во венчаници за да ја покажат својата солидарност. Некои дури ги чуваат своите завети само за оваа пригода.

Извор: cntraveler.com