[Галерија] Најголемиот уметнички фестивал во светот се одржува во Јапонија

На секои три години Јапонија приредува уникатно искуство за посетителите на најголемата уметничка галерија во светот.

Во текот на 50 дена, посетителите на Echigo-Tsumari Art Triennale можат да посетат 200 села во Ниигата, Јапонија, за да ги видат впечатливите уметнички дела на отворено, на преку 160 уметници од целиот свет. Секое од делата е направено под мотото „Луѓето се дел од природата“.

Фестивалот за првпат се одржа во 2000 година, а 15 години подоцна, директорот на фестивалот Fram Kitagawa напиша книга во која се прикажани над 800 уметнички дела, кои биле дел од фестивалот, како и есеи и совети за патување. Книгата со наслов „Art Place Japan“ ќе биде достапна онлајн од 14 ноември.