[Галерија] Најдобрите уметнички дела на тема „Радикално“ според Гардијан

Британскиот Гардијан, изминатиов месец во рамки на нивната рубрика „сведоци“, од своите читатели побара да испратат нивни уметнички дела на тема – „радикално“. Весникот избра некои од највпечатливите и ги објави заедно со коментарите од самите уметници.

Не можам да си помогнам (2017)

Автор: Лиса Адамс

„Сликава ја направив кратко по изборот на Трамп. Моите вистински чувства“

Малтретиран

Артист: Саша Григорјева

„Акрилна слика во тематска рамка“

Рој на Земјата

Артист: Стивен Ирвин

„Фотомонтажа која ги прикажува ефектите на климатските промени“

Пустински блуз

Артист: Тобиван

„Колаж. Најдени слики“

Удар за кеш

Артист: Ден Бакли

Човек кој трча пред куќа на плажа

Артист: ОлдТрафордФренк

„Тркачот е заматен спроти силните небесни бои од зајдисонцето спроти куќите во позадина чиишто линии се некако чудни“

Одење/La Rivoluzione (Џосеф Беус)

Артист: Зоран Попоски

„Мастило, лумоколор маркер, мастило за ситопечат и акрилно мастило на хартија 42×60, 2015“

 

Радикален дизајн на ентериер Блекпул

Артист: Грејс О`Нил

„Излогот на преноќевалиштето треба да биде фокусиран на продавање на етосот, комфорот, квалитетот и безбедноста на сместувањето. Сопственикот на ова преноќевалиште или заборавил на овие работи или има прилично радикален маркетинг пристап“

Транзиција на убедувањето

Артист: Едварт Џ Хал

„Политиките од сите бои се измешани одново“

Ѕид, велосипед и сидра

Артист: ID685288