[Галерија] Најдобрите спортски фотографии за 2016 година

Додека трчаше, веднаш покрај неколкумина натпреварувачи кои со сите сили се обидуваа да го претркаат светскиот шампион, Усеин Болт, се сврти и се насмеа пред камерата на Камерон Спенсер.

Фотографијата која беше направена во август, годинава, на Олимписките игри во Рио де Женеиро, набрзо стана една од најпрепознатливите спортски фотографии на годината.

Оваа фотографија го стави во фокусот за 2016 според агенцијата „Getty Images“, па поради тоа во продолжение погледнете го неговиот избор од најдобрите спортски фотографии за Mashable.