[Галерија] Најдобрите новинарски фотографии за 2020

Фондацијата за Светска новинска фотографија (World Press Photo Foundation) ги прогласи најдобрите фотографии на 63-тото издание на натпреварувањето. Во продолжение ви прикажуваме дел од победничките фотографии:

Најдобра новинска фотографија за 2020 / Млад човек, осветлен со мобилни телефони, рецитира протестна поезија додека демонстрантите извикуваат слогани за демократска власт за време на рестрикции со струја во Картум, Судан на 19 јуни 2019 ФОТО: Yasuyoshi Chiba/Agence France Presse  –

Победник во категоријата „Долгорочни стории“ – Млад човек се обидува да свири на труба во густо населениот кварт Ба бел-Уед во Алжир ФОТО:  Romain Laurendeau

Победник во категоријата „Спорт“ – Каваи Леонард од Торонто Репторс го погодува победничкиот кош со звукот на сирената против Филаделфија. ФОТО: Mark Blinch/NBAE/Getty Images

Победник во категоријата „Портрети“ – Ева, 15-годишна Ерменка, која излегла од кататонија предизвикана од траума, седи во инвалидска количка во центарот за бегалци во Подкова Лешна на 1 јуни 2019 ФОТО: Tomek Kaczor / Duży Format, Gazeta Wyborcza

Победник во категоријата „Современи проблеми“ – Бизнисмен ги трга анти-тенковските гранати на денот на Меѓународната изложба на одбрана во Абу Даби на 18 февруари 2019 ФОТО: Nikita Teryoshin

Победник во категоријата „Современи проблеми – стории“ – Борец од Талибанците седи во автомобил во Когјани, Авганистан на 11 декември 2019 ФОТО: Lorenzo Tugnoli / Contrasto for The Washington Post

Победник во категоријата „На лице место, стории“ – Роднина на жртва од авионската несреќа на авионот од Етиопија Ерлајнс фрла земја во лицето во близина на Адис Абеба на 14 март 2019 ФОТО: Mulugeta Ayene/Associated Press

Победник во категоријата „На лице место, поединечна фотографија“ – Студентите се борат со полицијата за време на антивладини протести во Алжир на 21 мај 2019 ФОТО: Farouk Batiche/Dpa

Победник во категоријата „Општи вести“ – Жена држи чадор како симбол на протестите за време на демонстрациите во Хонг Конг на 1 октомври ФОТО: Nicolas Asfouri/Agence France Presse

Победник во категоријата „природа“ – Телото на орангутан стар само еден месец лежи на хирушко платно на спасувачки тим во Суматра, Индонезија. Орангутанот умрел набрзо откако е пронајден со неговата повредена мајка на плантажа за палмино масло ФОТО: Alain Schroeder

Победник во категоријата „екологија“ – Поларна мечка и нејзиното младенче во близина на опремата од научниците од Поларштерн, бродот кој е дел од научна експадиција која ги истражува последиците од климатските промени на Арктикот ФОТО: Esther Horvath for The New York Times

Победник во категоријата „екологија, стории“ – Фабрика за преработка на ѓубре на местото на поранешна фабрика за преработка на јаглен во близина на Копенхаген, Данска. Новата фабрика произведува електрична енергија за 60 илјади домаќинства преку напредна технологија за филтрирање со која се намалуваат емисиите на азотни оксиди скоро на нула ФОТО: Luca Locatelli/for National Geographic