[Галерија] Најдобрите македонски планински фотографии

Жирито во состав: Дарко Андоновски, Алесио Ликуори и Димитар Петровски, ги прогласија десетте најдобри фотографии на овогодинешниот конкурс за најдобра планински фотографии.

Тие ќе бидат изложени за време на Ехо фестивалот за планински филмови.

„Благодарност до скоро 100 автори кои учествуваа на овој конкурс, за прекрасните моменти споделени со нас и нашата публика. Ви благодариме на сите“, велат од ЕХО.

Во продолжение, погледнете ги прекрасните фотографии:

Автор: Горан Кузмановски, Летање низ болдерите под Трескавец

Автор: Марјан Скрижевски, Кривошијска Када (Шар Планина)

Автор: Елена Маркова, Крај Големото Езеро, на Баба планина

Автор : Бојан Стојчевски, По зимската патека накај Титов Врв

Автор: Иван Нешовски, Корабски водопади

Автор: Доријан Миловановиќ

Автор: Александар Алексов

Автор: Томислав Јовановски

Автор: Марјан Темовски, Во Големата сала на Драгожелска Пропаст

Автор: Иван Нешовски, Пирин Планина, Бугарија