[Галерија] Најдобрите фотографии од дивината за 2017

Секоја година, Националниот историски музеј на Велика Британија избира најдобри фотографии на кои е прикажан дивиот свет. На натпреварот се пријавуваат фотографи од сите краеви на светот, а денес Гардијан ги објави финалистите за годинава.

Меѓу најдобрите фотографии, кои од 20 октомври ќе бидат изложени во музејот во Лондон, има гладна арктичка лисица, фока која учи да плива и разиграни кафеави мечки.

Вежби за пливање, Лорен Балеста, Франција

Мајка ја учи младата фока во ледената вода на источниот Антарктик во раната пролет.

Романса кај ангелите, Андреј Нарчук, Русија

Морските ангели се мекотели сродни на полжавите, со органи слични на крила кои ги користат за пловење. Хермафродити се, а на оваа фотографија се подготвуваат да почнат со размена на спрема, дури пловаат синхронизирано.

Арктичко богатство, Сергеј Горшков, Русија

Арктичка бела лисица носи јајце од снежна гуска, барајќи соодветно место да го закопа.

Зимска пауза, Матс Андерсон, Шведска

Црвена лисица фотографирана во февруари спие на дрво, пред да продолжи со потрагата по храна.

Инсајдери, Кинг Лин, Кина

Секоја риба има дополнителен пар очи во устата, каде се кријат паразитски изоподи кои влегуваат во преку жабрите како ларви, се „вселуваат“ во устата  и ги прикачуваат нозете на основата на јазикот.

Спасен, но затворен, Стив Винтер, САД

Задната нога на овој суматриски тигар била многу повредена од стапица, па морало да се ампутира. Бил заробен четири дена пред да го најдат во дождовна шума на индонезискиот остров Суматра. Замката била веројатно поставена од работници на плантажите за палмино масло.

Орел, Клаус Ниге, Германија

После неколку дена постојан дожд, овој ќелав орел е сосема мокар и измрзнат. Концентирањето на изразот на лицето на орелот дава еден интимен портрет, зголемен од белата светлина на дождливиот ден.

Канализациски сурфер, Џастин Хофман, САД

Морскo коњче „навигира“ низ морето држејќи се за чепкалка за уши, трудејќи се да се извади од купиште ѓубре на гребен близу островот Сумбава, Индонезија.

Сагуаро пресврт, Џек Дајкинга, САД

Сагуаро кактусите во националниот парк Соноран во Аризона, заплеткани формираат кула повисока од 12 метри. Корените создаваат лавиринт веднаш над површината, изгледајќи како чудно архитектонско дело.

Мечкина прегратка, Ешли Скали, САД

Откако ловеле школки на ниските бранови, мајка кафеава мечка ги води своите младенчиња до блиска ливада. Но, едно младенче сака да остане и да си игра.

Поглед кон рис, Лаура Албиак Вилас, Шпанија

Лаура патувала до Сиера де Андухар природниот парк во Шпанија, со желба да најде рис. Среќата ја послужила вториот ден, кога двајца рисови се одморале близу до патот.

Моќта на матријархот, Дејвид Лојд, Нов Зеланд/Велика Британија

Во националниот резерват Масаи Мара во Кенија, стадо слонови пешачеле до вечерно бањање во поток. Благата светлина од брзиот залез на сонцето ја потенцира секоја брчка и влакно на оваа слоница. Женката која го води стадото го погледнала фотографот директно во очите. Погледот ѝ е полн со почит и интелигенција.

Шарена достава, Тјохар Кастиел, Израел

Две шарени птици во тек на две недели им носеле овошки на своите мали пилиња. Шарените кецали вообичаено се вгнездуваат во погуста шума, но овој пар избрал дрво во делумна исечена шума во Сан Герардо де Дота, Костарика.