Во текот на изминатите години, дроновите драматично го променија светот на фотографијата. Се појавија и голем број на награди, посветени конкретно на фотографиите направени од птичја перспектива. Една од нив, веројатно најпрестижната, е Dronestagram, која е одржува четврта година по ред. Нејзините победници беа најавени викендов.
„Дроновите станаа многу пристапен начин да се добие нова перспектива на светот“, вели Ерик Дуприн, извршен директор на Dronestagram. „Буквално веќе нема физички граници за тоа каде може да се направи фотографија“.
Натпреварот се судеше според креативноста и фотографскиот квалитет од панел експерти, меѓу кои и претставници од National Geographic.