Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) по шести пат на конкурс избираше најдобра биофотографија. Годинава, темата беше „Магијата на печурките“, а учестуваа 30 фотографии.
Првото место му припадна на Даниел Иваноски од Струга. Второнаграден беше Томе Јовановски од Скопје, а третата награда пак дома ја понесе Џенан Ризванович од Скопје.
Фотографиите кои учетвуваа на конкурсот беа изложени на 1 јуни во Juice Bar, каде и беа објавени првите три места и беа доделени наградите на најдобрите.
Беше доделена и пофалница за добиена најголема поддршка на социјалната мрежа Facebook на Бобан Тасевски од Куманово.
Беше доделена и пофалница за добиена најголема поддршка на социјалната мрежа Facebook на Бобан Тасевски од Куманово.
Во галеријата подолу се десетте фотографии кои влегоа во потесен избор за награда.