Секоја година, фотографии од сите страни на светот прават слики од далечните козмички објекти и настани.
Темното небо е како прозорец кон галаксијата, кој ни дозволува да видиме барем малку од универзумот, нешто што не можеме да го правиме преку ден или под сјајот на вештачките светла.
Натпреварот спонзориран од Кралската опсерваторија Гринич ги избира најдобрите астрономски фотографии за таа година. Неодамна беа објавени најдобрите пријави за 2017, а меѓу нив можат да се најдат Млечниот пат, ѕвездени патеки, аурора и многу други впечатливи глетки.
Победниците на натпреварот ќе бидат објавени во септември.