[Галерија] Најдобар фотограф на дивината – избор на публиката

Фотографијата „Братска врска“ на Дејвид Лојд, публиката ја прогласи за најдобра на годишниот натпревар за Фотограф на дивината за 2018. Фотографијата беше избрана меѓу 25-те слики кои влегоа во потесниот избор на натпреварувањето кои ќе бидат изложени во Природно-историскиот музеј во Лондон до 30-ти јуни.

Покрај победничката во продолжение погледнете ги и останатите фотографии кои беа меѓу најдобрите од страна на публиката на натпреварот за 2018 година:

„Братска врска“ од Дејвид Лојд

„Лисица сретнува лисица“ од Метју Маран

 

„Три крала“ од Вим ван дер Хивер

„Борбата на поларната мечка“ од Џастин Хофман

„Една играчка три кучиња“ од Бенс Мејт