[Галерија] Најчудните суштества од морските длабочини

Морскиот биолог, истражувач и подводен фотограф Александар Семенов е шеф на нуркачкиот тим на биолошката станица на Московскиот државен универзитет. Заедно со колегите, Семенов често нурка во тешки услови и ги истражува некои од најнеобичните и ретко видени морски суштества.

„Мојата цел е да го истражам подводниот живот низ објективот на фотоапаратот, за да го зголемам интересот кај луѓето за морската биологија. Ги споделувам сите мои пронајдоци на социјалните мрежи и во моите предавања, изложби и медиумски настапи. Имам извонредна можност да ги гледам убавините на подводната темнина, што ми донесе одлични соработки со National Geographic, каналот Discovery BBC, Nature, фондацијата Smithsonian и многу други”, вели Семенов.

Еве ги неговите фотографии од суштествата со кои се среќава во своите истражувања. Се претпоставува дека повеќе од 80% од живиот свет во океаните допрва треба да се истражи и да се открие.

mw-2

mw-3

mw-4

mw-5

mw-6

mw-7

mw-8

mw-9

mw-10

mw-11

mw-12

mw-13

mw-14

mw-15

mw-16