[Галерија] Мурали со оптички илузии од уличниот уметник Астро

Францускиот уличен уметник Астро вметнува поразличен смисол за перспектива во неговите јавни мурали, кои ги претвораат рамните површини во „портали“ кои се појавуваат и исчезнуваат во зависност од точката на гледање.

Астро е веќе познат по своите шари инспирирани од калиграфијата. Започнал да инкорпорира тродимензионални илузии со помош на сенки, за да создава тунели и празнини во своите дела.

Последното дело на Астро беше неодамна завршено како дел од Лурес Арт Публика проектот во Лурес, Португалија. Повеќе од неговите дела може да видите на неговиот Инстаграм.

Извор: Colossal