[Галерија] „Можеме! Знаеме! Умееме!“ – Лицата со посебни потреби со инклузивен хепенинг за еднакви права

Под мотото „Можеме! Знаеме! Умееме!“, синоќа во паркот „Жена борец“ се одржа мултимедијален инклузивен хепенинг за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби во организација на граѓанската иницијатива „5 до 12“.

Преку играње, пеење, рецитали, театарски точки, лицата со посебни потреби испратија јавен повик за заедничка заложба за остварување на нивните права за еднаквост и рамноправност.

Бришење на законската граница од 26 години во законите за лицата со посебни потреби да имаат право на бесплатни лекови и на посебен паричен додаток и по навршување на оваа возраст, поголем број дневни центри, персонални асистенти и социјално претприемништво, се само дел од барањата за интервенции во законодавството кои беа повторени на хепенингот.

Од иницијативата најавија дека од 20 до 22 јуни, како и претходните два месеци, повторно ќе кампуваат пред Собранието на Македонија со истите барања до пратениците.

Сликите се преземени од Фејсбук страницата на граѓанската иницијатива „5до12“. Повеќе фотографии од настанот можете да најдете ТУКА