[Галерија] Моден илустратор ги комплетира своите цртежи со пејзажи

Шамек Блуви, архитект и моден илустратор од Јордан, користи облаци, згради и секакви пејзажи за со нив да ги „обои“ своите креации.

Ја добил идејата додека патувал во Дубаи. Сакајќи на некој начин да го вметне искуството од патувањето во неговите модни илустрации, решил да ги искористи глетките од градовите кои ги посетил, претворајќи ги во моден дизајн.

Преку држење на цртеж изрежан за да останат само контурите пред различни пејзажи, Блуви со еден примерок создава безброј креации.