[Галерија] Младите во Иран: живот во контраст

Со децении, сликите и снимките кои светските медиуми ги пренесуваат од Иран се слики на безредија и протести, запалени знамиња и тензии околу нуклеарното оружје. Стереотипот кој западните гласила го изградија за оваа земја е силен, но токму неговото разбивање е целта на фотографот Hossein FatemiПовеќе од 60 проценти од населението во Иран има помалку од 30 години, а во серија фотографии кои ја покажуваат борбата меѓу традиционалното и модерното, Fatemi го претставува токму животот на младите луѓе во оваа земја. Тој е дефиниран од контрастот меѓу строгите и ригидни закони, засновани на тврдокорниот Ислам и стилот на живот кој доаѓа од Западот.

Девојки вежбаат пилатес во фитнес-центар во Техеран.

Жени облечени во бели наметки „чадор“, за време на петочната молитва во провинцијата Варзанех

Млади парови пушат наргиле („хука“) во шатор, што е забрането за жени на јавно место

Млади парови пушат наргиле („хука“) во шатор, што е забрането за жени на јавно место

Девојчиња - членки на милицијата Басиџ, задолжена за чување на вредностите на Исламската револуција. Стотици илјади деца и млади се членови на оваа формација.

Девојчиња – членки на милицијата Басиџ, задолжена за чување на вредностите на Исламската револуција. Стотици илјади деца и млади се членови на оваа формација.

Жени играат билијар во клуб наменет за мажи, во кој влезот за жените е забранет.

Жени играат билијар во клуб наменет за мажи, во кој влезот за жените е забранет.

Девојки танцуваат на забава, откако се напиле по некоја чашка. Луѓе што не се семејно поврзани (мажи или жени) не смеат да се социјализираат, но многумина го игнорираат законот во своите домови.

Девојки танцуваат на забава, откако се напиле по некоја чашка. Луѓе што не се семејно поврзани (мажи или жени) не смеат да се социјализираат на ваков начин во Иран, но многумина го игнорираат законот во приватноста на своите домови.

Војник, припадник на Иранската револуционерна гарда (Басиџ) пука низ американско знаме.

Тинејџери вежбаат Паркур околу ѕид прекриен со графити во градот Екбатан

Тинејџери вежбаат Паркур околу ѕид прекриен со графити во градот Екбатан

Странските медиуми се забранети, но многумина гледаат сателитска телевизија, криејќи ги антените од погледот на властите.

Странските медиуми се забранети, но многумина гледаат сателитска телевизија од скриени антени на покривите од зградите.

Девојки, од кои една со фластер на носот, стојат на рид во Техеран. Иран има највисока стапка на корективни операции на нјос во светот, а годишно во земјата се прават над 200.000 операции.

Девојки, од кои една со фластер на носот, стојат на рид во Техеран. Иран има највисока стапка на корективни операции на нос во светот, а годишно во земјата се прават над 200.000 операции.

Девојка се моли додека нејзина пријателка пуши и гледа телевизија.

Чувањето кучиња е забрането со закон,  според кој тие се сметаат за „нечисти“ животни. Повеќето луѓе чуваат кучиња тајно, затоа што полицијата ќе им ги одземе ако јавно ги шетаат.

Тетовирана студентка во својата соба. тетоважите исто така се забранети во Иран.

Тетовирана студентка во својата соба. Teтоважите исто така се забранети во Иран.

Сите фотографии: Hossein Fatemi/ Panos