[Галерија] Младински перформанс во Кавадарци – младите бараат свој простор

Жителите на Кавадарци денеска имаа можност да бидат дел од невообичаен младински перформанс. Осумдесетина млади од 14 градови низ Македонија ги запреа минувачите на плоштадот и ги поканија да бидат дел од еден импровизиран младински културен центар – на отворено.

На плоштадот во градот, во период од половина час фунционираше импровизираниот младински културен центар во кој се случуваа младинска дебата, филмска проекција, театарски перформанс и музички настап, а се „отворија“ и работилници за уметност, клуб за изучување јазици и литературно друштво.

Овој настан беше дел од шестата по ред МОФ Летната академија која се одржа во Михајлово – Кавадарци.

[Галерија] Младински перформанс во Кавадарци - младите побараа свој простор

22

33

44

5

6

7

8

9

10

111