[Галерија] Младинска акција во Тетово во паркот Ајдучко маало

Младински образовен форум од Тетово во рамките на Проект на УСАИД за граѓанско општество ја реализираше младинската локална иницијатива „Да го вратиме паркот Ајдучко маало на младите“

Целта на иницијативата е да се поттикне прашањето за недостаток од услови за спорт и рекреација на младите во Тетово и недостаток од објекти од спортска инфраструктура. Во рамките на иницијативата досега се реализирани следниве неколку акции за уредување на зеленилото на паркот, бојадисување на инвентарот на паркот, мини реконструкција на паркот, но и поставување на нови клупи за седење.