[Галерија] Млади, мурали, јавни простори – младинска акција во Велес

Со цртање мурали во Младински парк и во преминот кај Мал мост, во новиот дел на Велес, денеска започна двонеделната акција „Млади, мурали и јавни простори“. Акцијата е дел од проектот на УСАИД за граѓанско општество, а се работи во соработка со Младинскиот образовен форум и неколку граѓански здруженија од овој град.

„Свесни сме за различниот вкус на луѓето, за добрите и лоши критики кои може да ги добиеме. За тоа дека еден мурал ќе биде посимпатичен од некој друг, а сепак повеќе се надеваме дека со малку боја и промена јавните простори ќе бидат попријатни за сите во градот. Сепак, јавниот простор е токму тоа – јавен и за сите. Го гледаме како почеток во кој граѓаните многу повеќе ќе се грижат за него и за тоа како се уредени истите. А кога ќе се постигне тоа неизбежно е и многу поголема грижа за било кој јавен простор во нашата средина. Се надеваме дека нашите мурали ќе ја видат „муграта на новиот ден“, дека врз нив нема да заскита некоја партиско-политичка парола, дека нема да бидат „исчезнати“ вели Маријана Ковачки учесничка во акцијата.

Проектот „Мурали Велес” ккао што појаснуваат учесниците, директно е инспириран од уличната уметност и нејзините идеи за ”субверзивност” и разубавување на јавниот простор. Тие појаснуваат дека субверзивноста во овој проект не се однесува на некакво нелегално интервенирање во заедничкиот простор во градот, туку напротив, со помош и поддршка на општината, овој проект покажува дека галериите и музеите не се единствените места во кои може да се изложи и види уметност, туку дека во градот постојат и ѕидни површини кои совршено може да послужат за истата намена.

12038564_10207980079682554_8537201540898771738_n