[Галерија] Минијатурно фото студио направено во стилот на 1900-тите години

Турскиот уметник Али Аламеди седум години изработува минијатурни фигури инспириран од 1900-тите. Тој во последните девет месеци работел на макета која покажува како изгледале тогашните фото студија, но во размер 1:12. За потребите на макетата користел 30 метри дрво, со кои изградил повеќе од 100 минијатурни предмети.

Со оглед на тоа дека само неколку фотографии биле достапни од просториите во тоа време, Аламеди истражувал за да сфати кои техники, алатки, стилови и бои се користеле во нив. Еден од најтешките предизвици за време на подготвувањето на моделот била камерата поради наборите кои во реалниот живот се само три сантиметри. Во финалната верзија, тие изнесуваат 124 милиметри и се прецизно изработени.