[Галерија] Матуранти од цела Европа играа квадрил, во Скопје танцуваа 1000 средношколци

Околу 1.000 средношколци од Скопје, истовремено со своите врсници во Љубљана, Охрид, Гевгелија и 70 други градови низ Европа го одиграа традиционалниот квадрил на Јохан Штраус.

„Никогаш нема да ги заборавиме професорите и моментите во училиштето. Матурата ни беше многу убава“, се потсетува матурантката Симона Стојкова за Радио МОФ.

Годинава на традиционалната матурска парада учествуваа и средношколците од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“. Оттаму доаѓа младиот Игор Трпковски кој за Радио МОФ рече дека средношколските денови ќе ги памети по  прекрасните мигови исполнети со дружба.

Квадрилот на Штраус го одигра и средношколката Џанета Пепиќ заедно со своите соученици. По матурата, таа е одлучна своето високо образование да го продолжи на правните студии. И таа ќе го памети својот средношколски период по дружбите со пријателите.

Парадата се организира во Љубљана од 2001 година, а во нашата држава за првпат се одржала во Скопје и Охрид во 2007 година.

Мартин Колоски