[Галерија] Масовен протест во Скопје против еутаназија на животните

Со голем собир во Скопје за одбрана на правата на животните и прошетка со милениците, граѓаните и активистите ги повикаа институциите да востановат конечна законска забрана за еутаназија на бездомните животни во Македонија.

4

„Фактот дека настанот е организиран во само неколку дена, најавен само преку социјалните мрежи, а привлече толку многу граѓани, јасно говори за ставот на јавноста и покажува дека е граѓаните се недвосмислено против убивањето и насилството врз животните. Во овој миг кога се носи новиот закон за заштита на животните, волјата на граѓаните не смее да биде игнорирана“, истакнуваат од „Анима мунди“.

За време на мирниот протест повеќе од 200 лица и голем број домашни миленици се движеа од Градскиот парк  до Собранието на РМ. Во очи на носење на новиот Закон за заштита и благосостојба на животните тие побараа тој да биде унапреден во секој домен на заштитата на животните, без исклучок.

36

8

7

11

13

24

25