ОБНОВЕНО [Галерија] Стотици средношколци маршираа во Охрид

Околу петстотини средношколци денеска излегоа на марш во Охрид со кој побараа враќање на стариот концепт на полагање на државната матура, како и да запре воведувањето реформи кои се лоши за образованието. Со пароли во рацете меѓу кои „Македонска крвава матура“, „За секој експеримент потребни се глувци“, „Многу реформи -деформи“, охридските средношколци попладнево се собраа пред дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“, по што се упатија кон градскиот плоштад.

„Целта на маршот во Охрид е да се запознае пошироката маса на луѓе за проблемите во средното образование. Бојкотот ќе продолжи се додека не се исполнат нашите барање“, вели за Радио МОФ средношколец од Охрид.

Дел од охридските средношколци изминативе два дена ја бојкотираа наставата и наместо редовните часови, тие организираа алтернативни активности во гимназијата „Св. Климент Охридски“ и во средното економско училиште. Охридските средношколци своите барања за укинување на новиот концепт на полагање на државната матура вчера ги доставија до директорот на гимназијата.

Погледнете ја целата галерија од маршот во Охрид: