[Галeрија] Mали библиотеки во Индијанаполис за бесплатна размена на книги

Привлекувањето нова читателска публика во 2015 година може да биде тежок процес, но дел од библиотеките решаваат да одговорат на предизвиците на новото време. Со цел истовремено да влијае на подобрување на писменоста, но и да им посвети внимане на локалните уметници, јавната библиотека во Индијанаполис и уметникот Рејчел М. Симон го започнаат проектот „Public Collection“, во кој девет дизајнери започнаа да работат на минијатурни библиотеки за бесплатна рамена на книги.

Иако идејата за бесплатна размена книги во урбаните средини не е нова, овој проект e амбициозeн и оригинален поради дизајните на младите уметници за новите библиотеки. Една од најамбициозните идеи е библиотеката на младиот Брајан Мекачион, насловена „Monument“ (Споменик) која се состои од пет помали библиотеки поставени на конструкција на која е испишан познат цитет на Марк Твен. Базата на секој столб содржи кружна полица каде минувачите можат да земат и остават книги по сопствена желба.

„Nautilus“ пак е спирална библиотека со клупа за читање изградена од рециклирано дрво, дизајн на Кети Хундал.

Сите дизајни може да се видат на сајтот на Јавната библиотека на Индијанаполис.