[Галерија] „Лоша Земја“ – колку загадувањето во Кина ги чини луѓето

Серијалот фотографии на Сувид Дата, именуван „Лоша Земја“, покажува колку се големи проблемите на жителите на Кина поради загадувањето, како и штетата која тие ја трпат поради растот на локалните заедници во огромниот и сериозно оштетен северен регион во Кина.

Ченглеи, фармер од провинцијата Хебеи, гледа кон фабриките за јаглен и челик.

Ликсуе, 23, со својата двегодишна ќерка, Меилинг, во нивната куќа во предградието Чаојанг во Пекинг. Нејзиниот партнер починал во несреќа додека работел во илегален рудник во Јунан. Мајката и ќерката подоцна се преселиле во главниот град во потрага по подобар живот. Ликсуе сега работи во фабрика за преработка на храна.

Пекинг, како и повеќето градови во Кина, продолжува да ја апсорбира руралната област наоколу со алармантна брзина.

„Овците не можат да ги поднесат бурите на прав. Станаа многу полошо откако фабриките дојдоа во Вуан. Луѓето кашлаат, се разболуваат“, вели Џианџун, додека неговото стадо поминува крај фабрика за јаглен веднаш до неговата земја во Вуан, индустријален град во провинцијата Хебеи. „Фармерите немаат иднина овде. Луѓето како нас ќе ги снема до наредната генерација“.

Отпадна вода тече во канал за наводнување во резиденцијалната област Баодинг, Хебеи. Овој град со 11 милиони жители е на помалку од 160 километри од Пекинг, и долго време се справува со проблеми како фрлање ѓубре во водите. Локалните канали и довод се загадени, понекогаш и со високи нивоа на тешки метали. Градот исто така пати од високо ниво на воздушно загадување.

Во предградие на Пекинг, Цуифен и нејзината ќерка полнат вода во дворот на неодамна затворена фабрика. Се преселиле од Хубеи во потрага по работа и подобро училиште, но се мачеле со големите животни трошоци на главниот град, конкуренцијата за работа и ограничените социјални служби за мигранти. Цуифен сега работи како собирач на ѓубре за пари, а нејзината ќерка не оди на училиште.

Очите на Фухуа се полнат со солзи кога зборува за својата сопруга, која починала од рак во 2014 година. Се преселиле во Кианан со нивниот син пред пет години. Многу од населбите таму жителите ги нарекуваат „села за рак“, поради озлогласените нивоа на загадување и број на заболени од рак.

Маските за дишење се редовна глетка на улиците во загадениот индустријален град Баоту, Внатрешна Монголија. Тоа е најголемиот центар за ретки елементи во Кина. Вредни, но многу штетни, минералите се ископуваат овде од крајот на 1950-тите.

Машинеријата и работниците се минијатурни на овој пејсаж, од еден од најновите отворени рудници во Внатрешна Монголија. Рудниците во овој регион ги содржат најголемите количини на ретки елементи, кои штотуку треба да бидат ископани. Овие минерали се значајни за производството на магнети во ветерните турбини, моторите за електричните автомобили, паметните телефони и телевизорите со рамен екран.

Ланфен, 19, ја држи својата ќерка во станбен комплекс во Пекинг населен претежно од мигранти раселени поради нееколошките услови и економската состојба. Опустушувањето го натерало нејзиното семејство да се пресели од провинцијата Нингџиа, откако земјата станала несоодветна за земјоделство.

Деши Гуиронг, 46, фармер, гледа кон огромниот отворен рудник каде некогаш неговото семејство одгледувало стока.

Извор: Guardian