[Галерија] Лондон преку очите на фотографи-бездомници

Календар со фотографии, спонзориран од јавна кампања, а создаден од бездомниците на Лондон, го покажува хаосот и убавината на градскиот живот за луѓето чиј дом се улиците.

Вкупно 105 фотоапарати им биле поделени на бездомниците во Катедралата на Св. Павле. Целта била да им се даде глас преку фотографирањето. Од нивните дела сега е создаден календар на кој се нашле најдобрите фотографии, именуван MyLondon 2017.

Проектот е организиран од Café Art, социјално претпријатие кое одржува уметнички изложби на кои има дела од бездомници. Првиот ваков календар бил создаден во 2012 година.

Идејата оттогаш се проширила и во други градови, како Сиднеј, Будимпешта и Њу Орлеанс.

Секој фотограф биле подучуван од член на Кралското фотографско општество, кое ги менторирало бездомниците на секои две недели, за да можат да ги развијат своите вештини.

Од Café Art велат дека нивната цел е да ги охрабрат бездомниците, да им овозможат да ги раскажат своите приказни и да ја зголемат свесноста за нивната состојба.

Kickstarter кампањата за овогодинешниот календар била голем успех – биле собрани 8436 фунти, иако целта била 5000.

Фотоапаратите се за една употреба, а секоја година ги донира FujiFilm.

Фотографиите кои влегуваат во календарот ги избира јавноста, преку онлајн галсање, во август.

Календарот се продава на тезга на Спиталфилдс пазарот во Лондон, која ја водат бездомници кои сакаат да се здобијат со работно искуство. Можат да го продаваат и бездомници, преку купување на календарот за 5 фунти, а продавање за 9,99 фунти.