[Галерија] Лого дизајни кои ги спојуваат музиката и фудбалот

За нешто повеќе од еден месец, Бендс ФК (Bands FC) стана Твитер феномен. Креиран од Марк Липтрот од „Конкрит Студио“ и Ник Фејзер, кој продава производи од англискиот бенд Шарлатанс, тие го комбинираат фудбалот и музиката преку спојување на идентитетските симболи од двата света. Идејата е едноставна – комбинирање на фудбалските и музичките логоа. Или, со нивните зборови: „Бендовите како фудбалски тимови и фудбалските тимови како музички бендови“.

„Не постојат правила во спојот. Врската може да биде логична, географска или одредени симпатии кон некој тим, додека некои можеби само се римуваат, а некои се визуелно слични“, објаснува Липтрот за ББЦ.

Ваквите дизјани се објавуваат постојано на Твитер страницата @_Bands_FC, а во продолжение ви пренесуваме некои од повпечатливите: