[Галерија] Ликовите од Star Wars како антички грчки скулптури

Travis Durden, уметник од Франција кој твори под псевдоним, ги комбинира своите две најголеми страсти – античката уметност и поп културата.

Уметникот прави скулптури на кои се прикажани ликовите од серијалот Star Wars како најпознатите примероци на класичната античка грчка скулптура.

„Статуите“ се всушност тродимензионални модели, но се изработени толку добро што се чини дека навистина се работи за скулптура. Durden продава принтови преку галеријата Sakura.

Извор: Bored Panda