[Галерија] Ликови од класични слики вметнати во секојдневниот модерен живот

Во својот проект The Daily Life of Gods, украинскиот уметник Алексеј Кондаков ги вметнува фигурите од класичните портрети во секојдневните ситуации и околини во современиот свет.

Досега ги има „преработено“ „Бах“ на Цезар ван Евердинген, „Давид и Голијат“ на Караваџо, „Нимфи и сатир“ на Вилијам-Адолф Бугро, и многу други познати слики од класичниот период.

Некој може да ја нарече неговата работа сквернавење, но Кондаков смета дека има сличности меѓу двете ери.

„Сфатив дека хероите на овие ремек делаедноставно сакаат да си поминат убаво заедно, исто како нас“, пренесува The Independent.