[Галерија] „Криумчарите земаат сè што те прави човек“ – жртвите на современото ропство

Жртвите на трговија со луѓе раскажуваат за тоа како биле силувани, малтретирани и експлоатирани, како робови во 21 век.

Принцес, 43, донесена од Нигерија и принудена на проституција во Италија

„Гледавме луѓе кои се враќаат од Европа богати. Една жена ми кажа дека може да ми најде работа во нигериски ресторан во Европа. Кога пристигнав, ми кажаа дека треба да платам долг од 40.000 евра пред да можам да си заминам. Рекоа дека ќе ме убијат ако не работам како проститутка. Работата беше многу опасна. Два пати бев прободена со нож. Успеав да побегнам, па сега се трудам да им помогнам и на други жени да побегнат. Овие криумчари земаат сè од тебе – сè што те прави човек. Им велам на жените на кои им помагам: „Да не застанеме додека не ги донесеме сите пред правдата““.

Марио, 26, принуден на работа во рудник со злато во Перу

Другар од училиште ми кажа дека можам да заработам добри пари во рудниците со злато, па ме запозна со господин Карлос. Бев нов во работата и не знаев како да си ги чувам парите, па Сењор Карлос се понуди да ми ги чува. Еден ден, еден фин човек си замина од рудникот со него. Наредниот ден, човекот беше мртов. Јас бев преплашен. Ги побарав парите назад од Сењор Карлос, но одби да ми ги врати. Потоа ме тепаше, се закануваше дека ќе ме убие, па дури и ме остави сам во џунглата. После сиве овие години, уште се плашам дека ќе ме најде.

Јанг-сун, 80, поранешна затвореничка и принудна работничка во Северна Кореја

Ја знаев Сонг Хје-рим од училиште. Еден ден, ми кажа дека се сели во резиденцијата на „големиот лидер“ Ким Џонг-ил. Неколку месеци подоцна, јас и моето семејство бевме пратени во Јодок, затворски камп. Моите родители и мојот осумгодишен син таму умреа од изгладнетост, а остатите од моето семејство или ги застрелаа, или ги удавија. Девет години од моето ослободување, ми кажаа дека сме биле затворени бидејќи сум знаела за врската на Сонг со Ким Џонг-Ил. Нивниот вонбрачен син, Ким Џонг-нам, го убија на почетокот на годинава.

Абул, 32, криумчарен од Бангладеш на принудна работа во Шкотска

Се мачев да го поддржувам моето семејство кога видов реклама за готвачи во Лондон. Човекот кој го запознав кажа дека треба да платиме однапред за виза, па познајмив 15.000 фунти од лихвари. Кога стигнав во Велика Британија, планот се промени: требаше да се качам во автобус за Балачулиш, Шкотска. Местото беше толку отсечено. Бев единствен работник за 37 хотелски соби, а секој ден доаѓаа два автобуси. Секој месец требаше да праќам пари дома, но никогаш не ме плаќаа. Криумчарот не ми ги зеде само парите. Ми зеде сè.

Оксана, 46, донесена од Украина на принудна работа во Русија

На мајка ми и открија рак и требаше да се лекува, но немавме пари. Другарка ми предложи да работиме во Москва. Една фина жена нè сретна на автобуската станица. Ни кажа дека ќе се грижиме за болни луѓе за 1.000 долари на месец. Но, потоа излезе дека работата ни е да чистиме троспратна куќа која изгорела во пожар. Ни даваа само еден појадок на ден, а чуварите нè силуваа како чудовишта. Мајка ми умре четири месеци откако се вратив. Никогаш не ја оперираа. Откако виде во каква состојба сум, тоа ја уби.

Маи, 16, продадена невеста од Виетнам во Кина

Бев добра ученичка. Но, моите родители не можеа да си дозволат да одам на училиште, па ме пуштија да работам на полињата. Еден ден почнав да разговарам со еден човек на Фејсбук. Ми кажа дека е полицаец и дека може да ми најде подобро платена работа во Кина. Бев да го запознаам, но група мажи ме пикнаа во камион и ме одведоа во Кина. Откако застанавме, бегав. После неколку денови, едни жени ме однесоа во локалната полиција и успеав да се вратам во Виетнам.

Кваме, 14, и Џо, 12, продадени од мајка им на рибар во Гана

Мајка ни не продаде многу пати. За нас имаше само глад дома, не беше безбедност, па нè праќаше некаде. Еднаш не однесоа во Јеџи. Господарот не беше добар со нас, не тепаше со весло. Одевме на рибарски бродови, со само една тупаница храна на ден. Избегавме кога господарот слушна дека апсат луѓе на кои на бродот им работат деца. Сега живееме со сосетката и не праќа на училиште. Понекогаш зборуваме за враќање кај мајка ни, ни недостига.

Сунита, 25, продадена на патувачки циркус во Индија

Баба ми ме однесе на циркус еден ден и ме остави таму. Никогаш не си го видов семејството повторно. Бев вчудовидена од циркусот, беа како богови. Не тепаа а ние викавме, но стана нормално. Патувавме постојано. Еден ден, бевме спасени и однесени во Непал. Се обидоа да ни најдат нови семејства, нов живот, но мислев само на настапување. Па, некои од нас во засолништето го создадоа Циркусот Катманду. Прекрасен е, не сакам никогаш не сакам да го напуштам.

Николета, 34, Романка која преживеала принудна работа и сексуално ропство во Сицилија

Дојдов во Сицилија со мојот сопруг. Ни требаа пари за да ги прехрануваме децата во Романија. Но фармрот кај кого најдовме работа рече дека мора да спијам со него, а ако одбијам, нема да ни плати. Со сопругот се согласивме дека тоа е единствен начин да ја задржиме работата. Мојот работодавец ми се закануваше со пиштол, а кога ќе свршеше, само си одеше. Ова траеше со месеци. Ги оставив и фармата и сопругот, но сфатив дека е вака каде и да се обидов да најдам работа во Сицилија.

Саид, 16, и Јаргм 13, родени во „наследно ропство“ во Мавританија

Нашата мајка е робинка на семејството Ел Хасине, па кога се родивме, исто така станавме робови на семејството. Не ни даваа да јадеме од истата храна, или да спиеме во истите соби како нив. Не бевме еднакви со остатокот на семејството. Не тепаа без никаква причина. Во 2011, нашиот господар го изведовме на суд и го осудија според законот против ропство. Ова беше прв пат вакво нешто да се случи во нашата земја. Сега и двајцата сме во средно училиште, и горди сме што сме слободни.

Целосната фотогалерија може да се најде на следниот линк