[Галерија] Корисниците на Пејнт ги споделуваат своите „ремек-дела“ во чест на неговото згаснување

Мајкрософт Пејнт наскоро ќе стане една од старите, надживеани и згаснати програми кои ќе ги нема на новите оперативни системи. Во тоа име, Гардијан побара од своите читатели да ги споделат своите слики направени со првата и најосновна програма за уредување на графика.