[Галерија] Кој се плаши од молкот лош?

Вчера во Домот на АРМ во Скопје се одржа целодневен настан од проектот „Креативна младинска акција“ на студентската организација „Излез“.

Освен претставувањето на производите изработени од страна на учесниците во петте работилници (креативно пишување, илустрација, фотографија, филм и перформанс/театар), на настанот беа претставени и производи од други индивидуалци, групи и организации, кои се вклучија во овој настан со цел да се сопре традицијата на долгогодишната критика насочена кон молкот на младите.

На вчерашниот настан беше одбележан и четвртиот роденден на „Излез“. Погледнете каква беше атмосферата, низ објективот на Ванчо Џамбаски:

Проектот „Креативна младинска акција“ ја идентификува потребата кај младите за простор каде што ќе можат креативно да се изразат и да ги искажат своите ставови и размислувања.

[Галерија] Кој се плаши од молкот лош?