[Галeрија] Класичната уметност од музеите изнесена на улица

Кога францускиот уметник и режисер Julien de Casabianca бил во посета на Лувр, една осамена девојка го зграпчила неговото внимание, во една заборавена слика во аголот на музејот. Ова го инспирирало уметникот, на заборавените слики да даде втор живот. Тој направил слика од неа, ја раздавал по улиците и така се родил „Outings“, уличниот фестивал на уметноста.

Денеска проектот „de Casabianca“ стана светски познат, каде што уметници од целиот свет се поканети да ги претворат заборавените класични слики во улична уметност, каде што ќе можат да го добијат вниманието кое го заслужуваат. Уметниците дури добиваат и мали грантови, кои имаат за цел да им помогнат со трошоците за печатењето на уметничкото дело.