[Галерија] Јапонски уметник создава импресивни животни од балони

Јапонскиот уметник Масајоти Мацумото најчесто се појавува на роденденски забави за деца и ја користи техниката за дување и создавање форми на животни, растенија и ликови со употреба само на балони. Тој инсистира да не се користат постојани маркери и лепило.

Уметноста од балони станува се повеќе популарна во Јапонија во последниве неколку години со одржување на конференции за создавање на форми, работилници и продавници кои никнуваат во градот. Оваа декоративна уметност е се почеста и на свадбените церемонии, не само како украс, туку и како дел од невестинската облека.