[Галерија] Јапонски уметник секојдневно создава минијатурни диорами со смалени луѓе

Замислете ако одеднаш се смалиме и светот околу нас стане огромен. Како би живееле?

Токму ова прашање е креативниот двигател на јапонскиот уметник Татсуја Танака, кој прави минијатурни диорами на кои се гледаат смалени луѓе во голем свет. Татсуја создава креативни и забавни сценарија користејќи секакви материјали, од храна до канцелариски материјали, па до технолошки уреди. Тоа го прави секој ден веќе седум години. Делата се преточени и на календар.

Целта на овие диорами е да го подигне расположението на луѓето, да ги инспирира, да прикажат убави локации на уникатен и оригинален начин, но и да им покажат колку се мали во споредба со се’ што се случува околу нив.

Погледнете дел од галеријата што е објавена на boredpanda: