[Галерија] Избран најдобриот проект за новата охридска плажа

Избрано е најдобро идејно решение за уредување на плажата на Охридското eзеро, во близина на охридскиот аеродром преку електронското гласање каде граѓаните во изминатите петнаесетина дена можеа да бираат меѓу 5 понудени проекти. Како што информираа од Министерството за транспорт и врски , најмногу гласови добил третиот проект, односно 56 проценти од вкупно 3.072 гласа.

5

По него најмногу граѓани гласале за првото идејно решение или 21 процент од вкупниот број на гласови, второто решение со 14 проценти, четвртото со 7 проценти и петтото со три проценти од гласовите. Во следниот период, ресорното Министерство ќе донесе решение за доделување на награда, како и за исплата на трошоци за останатите идејни решенија.

Предвидено е плажата да се изгради според највисоките туристички стандарди, без да се наруши еко-интегритетот на околината.

На плажата предвидено е да има песочна површина, да се заштити постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, како и да се уреди со клупи, фонтани за питка вода и пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали. Треба да има и шанк со кабина за музика, санитарен јазол, тушеви, соблекувални, остава за чадори, лежалки и други реквизити, а треба да биде обележан и просторот за капење во езерото. На плажата треба да се предвидат и места за информативни паноа, безжичен интернет и други погодности за забава.

4

3

2

1

6