[Галерија] Инсталација во чест на изумрените баџи делфини

Оваа впечатлива инсталација од уметникот Џонатан Латиано ја прикажува судбината на познатите кинески баџи делфини, а е изрезбана во дрво.

Делфините „летаат“ над галеријата на Балтимор уметничкиот музеј. За да ја создаде оваа инсталација, Латиано собирал избледени и суво парчиња дрво од локалните реки, кои потоа ги користел за да го скулптурира во коски. Коскените структури создаваат детално преработен и осмислен скелет на делфин.

Слатководните баџи делфини, нарекувани и Божествата на Јангце, порано биле значаен дел на екосистемот на реката Јангце во Кина, но денес се изумрени. Последниот примерок од овој вид умрел во заробеништво во 2002 година.

„Делата кои ги создавам создаваат контраст на човечката интуиција и реалноста за нашата природа и околина. Се обидувам да ставам акцент на областите кои постојат меѓу дефинираните региони. Мојата работа е мој обид да го сфатам сопственото место во физичкиот универзум“, вели Латиано.

Извор: www.thisiscollosal.com