[Галерија] Илустрации што потсетуваат кој одлучува за женското тело

Кога бразилската графичка дизајнерка Керол Розети започна да објавува илустрации од жени и нивните приказни на Фејсбук, таа не замислуваше колку популарни ќе станат тие. Се објавуваат низ цел свет, а работата на Розети ја видоа многумина. Многу сличен феномен на уличната уметност „ Престанете да им кажувате на жените да се насмевнат“ , овие илустрации се слики кои ќе сакате да ги поставите на секој агол од улицата како потсетник и афирмација на телесната автономија на жените.

1

„Тоа секогаш ми пречеше, обидите на светот да го контролира женското тело, однесување и идентитет“ , вели Розети за Mic.

„Тоа е еден вид угнетување, кое толку длабоко се вовлече во нашата култура што  повеќето луѓе дури и не забележуваат дека е таму, и колку сурово може да биде.“

Илустрациите на Розети допреа импресивна палета од теми, вклучувајќи го  и ЛГБТ идентитетот, телото, расизмот, сексизмот… Некои дела се направени врз основа на искуствата на пријатели или од нејзиниот сопствен живот, додека за  други црпи инспирација од приказните на многу жени кои ги споделуваат на интернет.

„Ги гледам оние ситуации, кои се случуваат секојдневно“, напиша таа. „Некои од нив ги доживеав и самата јас“.

И покрај брзите овации коментари и акции на илјадници ентузијасти на Фејсбук, проектот започна како нешто лично, толку лично  што всушност  Розети се уште не го пронашла вистинското име како да го нарече.  За сега, сликите живеат во албуми едноставно насловени како „Жените во Англија!“ или “Mujeres en español!”, додека илустрациите на  Розети опфатиле бројни искуства кои заедно ја создаваат моќната слика на идентитет и угнетување на жените.

Розети првично го пишувала текстот на илустрациите на португалски јазик, а потоа работела со жена од Австралија која тексовите ги преведува на англиски јазик.

Група израелски феминистки од ова направиле верзии на илустрациите на хебрејски. Се повеќе луѓе ја контактираат Розети преку Фејсбук нудејќи се да ја преведат нејзината работа на уште многу јазици. Следни  се: шпански, руски, германски и литвански јазик.

Тоа е инспиративна емисија на глобална солидарност, но пораката на уметноста на Розети е јасна во кој било јазик. Пред сè, нејзините слики влеваат самодоверба, почитувањето на другите и преиспитување на она општество ни вели дека е прифатливо или убаво.

„Јас неможам да го променам светот”, вели Розети. „Но, но би сакала да знам дека мојата работа направи луѓето да ги разгледаат своите привилегии и да бидат поотворени за разбирање и почитување еден кон друг.“

5

6

7

8

9

10

4

 

2

3

Извор: Мic.com

Превод: И.Ч