[Галерија] Илустрации на надеж за спасувачката акција на 12-те деца од пештерата во Тајланд

Спасувачката акција за извлекување на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер кои се заробени во пештера во Тајланд создаде неверојатни илустрации на надеж кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Денеска започна третиот ден од спасувачката операција во која безбедно се извлечени уште две деца. Досега се спасени вкупно 10 деца, а во пештерата остануваат уште две деца и нивниот тренер, кои нуркачките тимови ќе се обидат да ги извлечат во текот на денов.

Илустрацијата на @Sisideaclub, споделена 55 илјади пати откако беше објавена на Фејсбук страницата на тајландските нуркачки специјални единици „Фоки“, стана светски препознатлива поради симболиката претставена преку различните животни.

ФОТО: @Sisideaclub

Прасињата се заробените деца и нивниот тренер, кои пливаат заедно со жабите кои ги симболизираат нуркачите спасувачи. Белиот коњ ги претставува сите херои вклучени во акцијата, додека белиот слон е водачот на спасувачката операција Наронгсак Осотанакорн. Другите животни ги симболизираат државите кои испратиле помош: кенгурот ги претставува нуркачите од Австралија, лавот – Англија, пандата – Кина, еленот – Шведска… Белите птици ја претставуваат медиумската помош, а едната црна птица меѓу нив ги претставува критиките.

И меѓу другите илустрации, кои ги пренесуваме во продолжение, преовладува зборот надеж и благодарноста за меѓународната поддршка:

ФОТО: @stephffart

ФОТО: @Drehkz

ФОТО: Mor

ФОТО: Mai

ФОТО: JBoh

12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер беа исчезнати од 23-ти јуни откако тргнале на екскурзија по фудбалски тренинг. Беа откриени пред една недела од група британски нуркачи. За да излезат од пештерата децата мораат да нуркаат низ неколку темни и тесни премини, кои на неколку места се широки помалку од 60 сантиметри и претставувале проблем дури и за најискусните нуркачи од светот.