[Галерија] Илустрации на ликови од филмовите на Wes Anderson

Уметникот Alejandro Giraldo  ги претставува ликовите од филмовите на американскиот режисер Wes Anderson, доловувајќи ја суштината на секој лик во неговите цртежи. За овој уметник, ликовите се незаборавни и му оставиле впечаток дури подолг период откако ги гледал неговите филмови.

Тој смета дека кажува многу за ликовите кога ќе направи едноставен цртеж од нив, а дури и кога нивните очи се затворени, тие изразуваат емоции.

Giraldo е илустратор и уметнички директор од Меделин, Колумбија. Тој претходно работел за Nike, Snickers, а во моментов работи и на своја модна линија Velmost. Повеќе од неговите дела се достапни овде.