[Галерија] Илјадници Хрвати протестираа за образование ослободено од политика

Повеќе од 25 000 Хрвати протестираа вчера на градскиот плоштад во Загреб, обвинувајќи ја владата за партизација на образовните реформи кои треба да помогнат во подобрување на слабата економија на државата. Помали протести организирани од граѓански групи и унии на наставници се одржаа во уште 12 хрватски градови.

Протестите, оддржани под слоганот „Хрватска може подобро“ започнаа откако експертска група која ги организира реформите се повлече од проектот, жалејќи се дека новата централно-десничарска влада премногу се меша во планирањето.

Експертите се назначени пред 16 месеци од страна на претходната централно-левичарска влада и сакаа да ги модернизираат училиштата за да им даде на учениците повеќе вештини. Локалните бизниси се жалат дека дипломираните студенти не се подготвени за пазарот на трудот.

Експертите не даваат детали за наводното попречување, но според нив власта сакала своите ставови да ги рефлектира во наставните материјали за контроверзни социјални прашања.

На протестите, познатиот наставник од Сплит, Тони Милун одржа говор за иднината на образованието и општеството и апелираше дека Хрватска не смее да ја пропушти есента, кога започнуваат експерименталните реформи. Ученикот Карло пак, порача дека доаѓа на протест за јасно и гласно да каже дека учениците на Хрватска не сакаат да бидат заложници на неодговорностите на политичката елита.

„Ние не сакаме да бубаме, туку да мислиме и да создаваме, ние не сакаме тапо да повторуваме туку да расправаме“, порача Карло, претседател на националниот хрватски совет, легитимно претставничко тело на научници во земјата.

Атмосферата од протестот во Загреб може да ја погледнете низ фотографиите на Balkan Insight: