[Галерија] Хуманитарни акции на младите извидници во Скопје

Извидниците од Прв Скопски Извиднички Одред, најстариот одред во Македонија, викендов со своите членови од 7 -13 години и нивните водачи организираа неколку хуманитарни активности за најранливите групи. Поводот за акциите беше Светскиот ден на извидниците 22 февруари, роденден на основачот на извидниците Лорд Роберт Баден Пауел.

„Започнавме со посета на Дневниот Центар за деца на улица во Шуто Оризари каде се потрудивме на децата да им пренесеме некои од нашите вештини, направивме и поделивме вкусни сендвичи за гладните по скопските улици, а не ги одминавме ни кучињата, заедно со Хабитат помагавме во реновирање на дом за лица со посебни потреби, ги шмирглавме и фарбавме внатрешните ѕидови и се запознавме со луѓето и нивниот начин на живот. Ние го оставаме светот подобро место за живеење“, појаснуваат извидиците.