[Галерија] Хартиени чаши за кафе како простор за стрипови

Аниматорот Josh Hara ги користи хартиените чаши за кафе како простор за креативни и забавни стрипови на различни теми, како зависноста од кафе или славните личности.

„Мислам дека ако само ги споделев анимациите на парче хартија, луѓето немаше да уживаат толку многу како сега“, вели Hara за Mashable.

„Мислам дека дека има некаков посебен интерес во тоа да се земе нешто што го гледаме секој ден, нешто што често завршува фрлено во канта, и да го трансформирате некакво уметничко дело“.

Hara ги споделува своите слики на Instagram под хаштагот #100CoffeeCups. Негова цел во моментов е да „разубави“ 100 чаши.

2

1

13

10

9

8

7

6

5

4

3