[Галерија] Графички дизајнер создава по еден филмски постер секој ден

Графичкиот дизајнер Peter Majarich создава постери за неговите омилени филмови, а проектот на кој работи е наречен A Movie Poster A Day.

Majarich ја добил идејата за проектот од други креативни и рутински проекти, како Tumblr блогот Geometry Daily.

Целта на дизајнерот е да создаде точно 365 постери. Неговиот прогрес и сите досегашни постери можат да се најдат на неговиот Instagram.

Извор: Mashable