[Галерија] Гимназијата Орце Николов го одбележа патронатот со рап забава

И оваа година патронатот на СУГС „Орце Николов” цела недела беше исполнет со интересни активности за учениците.

24 март го означува патронатот на СУГС „Орце Николов“. Неделата започна со фудбалски натпревари помеѓу генерациите на ученици, како и натпревар помеѓу професорите и учениците. Турнирите по фудбал беа проследени од „Орцашка“ вечера на поезијата и шах турнир. А на самиот патронат се одржа денско диско.

Турнирите по фудбал се одржуваа на теренот во Орце. Првите турнири беа генерациски, втора и четврта година па прва и трета година.

„Имаше многу присутни, добра атмосфера, супер публика, беше многу компетитивно, двата тима дадоа се од себе“, ни кажа еден ученик.

Во секој тим имаше по еден ученик од секој клас од генерацијата. На турнирот помеѓу втора и четврта година победија учениците кои ја претставуваа четврта година, додека кај турнирот помеѓу прва и трета година победија учениците од прва година. Турнирот помеѓу учениците и професорите учествуваа ученици од различни генерации. Победници на тој турнир беа учениците.

„На почеток фудбал турнирите беа организирани како начин да разбиеме монотонија, постепено станаа традиција и сега се дел од традицијата на Орце”, искоментира професор од училиштето.

На турнирот по шах учествуваа само ученици од прва година. Се одржуваше повеќе дена со различни елиминации, а финалето се одржа во аулата на училиштето.

Турнирот беше проследен од „Орцашката“ вечера на поезијата на која учествуваа ученици од сите генерации, како и ученици од други основни и средни училишта. Поезијата која беше изведувана опфаќаше македонска литература од предходниот век, па сѐ до англиска литература.

Самиот патронат беше прославен со денско диско кое се одвиваше во пладневните часови.

Присутните диџеи беа DJ Goce и Ogipsilon, на кои после им се придружија сегашни и поранешни ученици на Орце, Gqmbit и Funky, кои се познати рапери.

Горјан Азманов

*Оваа објава е дел од #МладинскиВесник – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на новинарскиот клуб на Радио МОФ, предводен од новинарката Теодора Цветковска.