[Галерија] Герила акции во Охрид, Битола, Струмица и Скопје – Непристапно за лица со попреченост!

Со герила акции низ четири града, во пресрет на Светскиoт ден на лицата со попреченост, активисти алармираат за непристапноста на клучни јавни установи кои остануваат непристапни за овие лица.

Во Битола се алармира за непристапните лаборатории во Здравствениот дом и Клиничката болница, Центарот за Јавно здравје, Трудова медицина и ПИОМ, а ништо подобра не е ниту зградата на Општина Битола.

Во Охрид се обележани петнаесетина објекти меѓу кои и Центарот за јавно здравје, повеќе лаборатории, аптеки, ординации, Градската библиотека,  основното училиште „Братство и единство“, а не е подобра ниту ситуацијата во Струмица каде голем број здравствени установи остануваат непристапни за лицата со попреченост.

Во Скопје, активистите ги обележаа Поликлиниките во Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, диспанзерот во Карпош.

Во галеријата во продолжение, издвојуваме некои од објектите кои добија налепница „Непристапно!“

Скопје

Охрид

Струмица

Битола